Индекс на рационалност за бехатон-плочки со вклучен трошок за нивно поставување

  • 03/2012

Соодносот на најниската и највисоката цена во набавка на 1 метар квадратен бехатон-плочки со вклучен трошок за нивно поставување изнесува 1:1,30 што значи дека највисоката цена постигната од Општина Ресен е за 30% повисока на најниската постигната од Општина Берово. Три општини плочките ги купиле по цени пониски од просечно постигната, додека пак повисоки цени од просекот имаат две општини.

 

Во овој индекс разликите во цените можат делумно да се објаснат со применетите постапки за јавни набавки. Имено, најниската цена кај општина Берово е постигната низ отворена постапка, додека пак највисоката цена кај општина Ресен – низ нетранспарентната постапка за прибирање понуди без објавување оглас. Притоа значајно е да се нагласи дека општина Ресен го применила концептот да спроведе две набавки, една за набавка на плочки, а другата за набавка на услугата за нивна монтажа. Ова, како што може да се види од индексот, се одразило неповолно врз вкупната цена, дотолку повеќе што по спроведените постапки произлегува дека цената на монтажа на 1 м2 плочки (448 денари за монтажа на 1 м2 плочки) е повисока од цената за набавката на самите плочки (435 денари за 1м2 плочки).

За набавка на плочките општина Босилово спровела 4 постапки, од кои три без објавување оглас и една со оглас и критериум „најниска цена“ за избор на најповолната понуда.

Постапка со барање за прибирање понуди со објавување оглас спровела и општина Пехчево, но со критериум за избор „економски најповолна понуда“, каде што цената носела 60 бода, а постпродажните услуги 40 бода.

Во прилог на толкувањето дека примените постапки сепак не ги објаснуваат докрај постигнатите цени, оди случајот на единствената општина која спровела отворена постапка. Имено, општина Кисела Вода постигнала цена која е повисока од просечната, но притоа за избор на најповолна понуда го користела критериумот „економски најповолна понуда“, каде што цената носела 70 бода, рокот на изведба 20 бода и рокот на плаќање 10 бода.

 

                                                     Купени количини на бехатон-плочки 

Договорен орган Количини во м2
  Општина Пехчево  6.000
  Општина Берово  3.000 
  Општина Босилово  1.488
  Општина Кисела Вода  / 
  Општина Ресен  800 

Анализата на податоците од претходната табела укажуваат на тоа дека во овој индекс може да се лоцира влијанието на купените количини врз постигнатите цени. Општина Берово, која ја има најниската цена и реално ги купила 19 најголемите количини од 3.000 м2 плочки, што е за околу 4 пати повеќе од количините купени по највисока цена од страна на општина Ресен. Притоа, кај сите општини, со исклучок на Кисела Вода, која нема утврдено количина на планираната набавка, може да се евидентира прогресивно зголемување на цената како што опаѓаат купените количини на бехатон-плочки.