Индекс на рационалност за миење возила

  • 07/2012

Соодносот на најнискиот и нависокиот трошок при користење на услугата за миење возила (годишен трошок по возило) изнесува 1:9,6, што значи дека највисокиот трошок за оваа намена евидентиран кај Министерството за надворешни работи е за цели 860% повисок од најнискиот годишен трошок по возило, констатиран кај Министерството за транспорт и врски. Едноставно кажано, за миење возила на годишно ниво Министерството за транспорт и врски троши 3.471 денар по возило, а Министерството за надворешни работи за таа намена троши 33.334 денари по возило. Значајно е да се нагласи дека МНР својот договор го нарекува договор за миење и хемиско чистење на возилата. 

Во изработка на овој индекс се вклучени пет министерства. Податоците за вредноста на договорите што тие ги имале за миење возила се обезбедени преку пребарување на евиденциите на малите набавки доставени до ЕСЈН за двете полугодија од 2011 година. По пребарувањето на евиденциите на сите министерства, констатирано е дека само овие пет имаат склучено договори за миење возила. Со цел да се дојде до споредлив податок за вредност на овој трошок по возило, до петте министерства беше доставено барање за пристап до информации од јавен карактер за бројот на возила на којшто се однесува склучениот договор. 

                                                 Вредност на договорите и бројот на возила

Договорен орган Вредност на договорите со ДДВ Број на возила
 Министерство за транспорт и врски  177.000  51
 Министерство за земјоделство,  шумарство и водостопанство 354.000  100 
 Министерство за труд и социјална  политика 360.000  54 
 Министерство за економија 360.000  34 
 Министерство за надворешна политика 360.000 

Индексот укажува на значајни разлики во трошоците на институциите за оваа намена, кои може да се резултат на разликите во поединечните цени за миење на возило и/или на бројот на миења на возилата, но секако дека укажуваат на голема неусогласеност меѓу министерствата. Причините за разликите во трошокот за миење на едно возило не треба да се бараат во применетите постапки за јавни набавки бидејќи сите договори се склучени преку прибирање понуди без објавување оглас, постапка што до 1 јули 2012 година се користеше за набавки чија вредност не е поголема од 5.000 евра без ДДВ.