• |

  • Разбирајќи како се трошат нашите пари добиваме моќ да влијаеме тие пари да го подобруваат квалитетот на нашите животи.

Индекс на рационалност

blog post image

Индекс на рационалност за гуми за патнички возила со димензии 175/70 r13

  • 05/2014

Центарот за граѓански комуникации го изработува индексот на рационалност преку споредба на цените по коишто различните институции купуваат исти производи, услуги или работи. Цените по кои институциите ги купувале гумите за патнички возила со димензии 175/70 r13 се движат од 2.309 до 5.546 денари за една зимска гума. Универзитетот „Гоце Делчев“ – Штип гумите ги платил 140% поскапо од Здравствениот дом во Куманово.

целосна вест
blog post image

Индекс на рационалност за гуми за патнички возила со димензии 205/55 r16

  • 05/2014

Цените по кои институциите ги купувале гумите за патнички возила со димензии 205/55 r16 се движат од 4.228 до 9.558 денари за една зимска гума. Соодносот на најниската и највисоката цена за набавка на автомобилска зимска гума со димензии 205/55 r16 изнесува 1:2,26, што значи дека цената по која гумите ги купил Државниот универзитет „Гоце Делчев“ – Штип е за 126% повисока од цената која за истиот вид гуми ја платила Општина Кисела Вода.

целосна вест