• |

  • Разбирајќи како се трошат нашите пари добиваме моќ да влијаеме тие пари да го подобруваат квалитетот на нашите животи.

Други истражувања

blog post image

Финансиска анализа за работењето на државните претпријатија

  • 20/12/2019

Предмет на финансиска анализа се 30 најголеми претпријатија основани од државата и од единиците на локалната самоуправа. Станува збор за претпријатија, чиишто вкупни приходи во 2018 година изнесувале 45.340.554.013 денари, односно 737 милиони евра. На крајот од минатата година во нив работеле вкупно 22.864 работници. Анализата е направена врз основа на 5 групи на финансиски индикатори изведени од годишните сметки на претпријатијата за периодот 2015-2018 година.

целосна вест
blog post image

Право или политика: Изборот на членови на управните и на надзорните одбори во државните претпријатија

  • 11/09/2019

Од истражувањето во кое беа вклучени и основачите и претпријатијата, не можеше да се утврди кој, врз основа на кои критериуми и во каква постапка им предлага на Владата и на општинските совети да ги изберат токму тие лица за членови на управните и на надзорните одбори. Со оглед на целосната нетранспарентност на процесот, оправдан е сомнежот дека списоците за именување на членови на управните и на надзорните одбори на претпријатијата во државна сопственост се составуваат надвор од институциите, односно во партиските кругови.

целосна вест
blog post image

База на податоци на сите амбулантни возила во земјава

  • 03/07/2019

Сите здравствени институции во земјава заедно имаат 183 амбулантни возила, во кои влегуваат возилата за прва помош и санитетските возила. Вакви возила имаат 47 здравствени институции. Просечната старост на амбулантните возила е 11 години, односно тие се просечно произведени во 2008 година. 13% од возилата се произведени во минатиот век, односно пред 2000 година.

целосна вест
blog post image

Индекс на активна транспарентност 2019

  • 11/06/2019

Активната транспарентност на министерствата и на општините и во 2019 година останува на ниско ниво, иако е порасната во однос на лани. Процентот на исполнетост на обврските за проактивно објавување на информациите кај сите 97 вклучени институции изнесува 56% (од можни 100%) и е зголемен за 12,5 процентни поени во однос на лани (кога просечно изнесуваше 43,5%).

целосна вест
blog post image

Анализа на контролата на Државниот завод за ревизија во државните претпријатија

  • 13/05/2019

Државниот завод за ревизија, во последните 15 години, спровел само 110 ревизии во државните претпријатија што е 8,7% од вкупно спроведените 1.264 ревизии во овој период. Во овие 110 ревизии се вбројуваат сите видови на проверки, односно финансиска ревизија, ревизија на усогласеност, тематски ревизии и ревизии на успешност.

целосна вест