Индекс на рационалност за вата

  • 03/2011

Соодносот на најниската и највисоката цена е 1 : 1,35 што значи дека највисоката цена е за 35% повисока од најниската. Со оглед на фактот дека во набавката на вата меѓу здравствените домови доминира постапката на прибирање понуди со објавување оглас, а заедничка е и деливоста на набавките на медицинскиот потрошен материјал, разликата во цената овде може да се објасни со разликите во количините што се купувале.

Во изработка на индексот на рационалност за набавка на вата 1000 грама за медицински потреби е вклучена втората група на здравствени домови. Од 16 доставени барања за пристап до информации од јавен карактер, не беа добиени одговори од 7 договорни органи (Здравствените домови во Македонски Брод, Пехчево, Радовиш, Струмица, Тетово, Штип, како и Здравствениот дом Железничар од Скопје), а Здравствениот дом Ростуше одговори дека не набавува вата. Оттука индексот го сочинуваат осум здравствени домови. 

Индексот на рационалност за набавка на вата а1000 грама упатува на констатацијата дека разлики во цените постојат и кај овој, еден од најосновните потрошни материјали. Притоа, цените се движат во маргината од 201 до 271 денар за 1000 грама. Четири здравствени домови ватата ја купиле под просечната цена, а четири над неа. Соодносот на најниската и нависоката цена е 1:1,35 што значи дека највисоката цена е за 35% повисока од најниската. Со оглед на фактот дека во набавката на вата меѓу здравствените домови доминира постапката на прибирање понуди со објавување оглас, а заедничка е и деливоста на набавките на медицинскиот потрошен материјал, разликата во цената може да се објасни со разликите во количините што се купувале. Имено, највисока цена за набавка на вата платил Здравствениот дом Охрид, каде што се купени само 6 килограми вата.

Количина на набавена вата 

Договорен орган Вата во килограми
ЈЗУ Здравствен дом Ресен 120
ЈЗУ Здравствен дом на Скопје  2000
ЈЗУ Здравствен дом Пробиштип 20
ЈЗУ Здравствен дом Свети Николе 65
Просек  180
ЈЗУ Здравствен дом Неготино  190
ЈЗУ Здравствен дом Прилеп  80
ЈЗУ Здравствен дом Струга 6

 

Во анализата на индексот на рационалност за набавка на вата, може да се констатира дека отворената постапка, која е делива, а ја примениле Здравствените домови од Скопје и Пробиштип, дала поволно ниски цени. Притоа треба да се има предвид дека во овие две постапки за избор на најповолна понуда се користел критериумот ,економски најповолна понуда‘, при што се бодувал и квалитетот на ватата, за разлика од другите два договорни органи, кои имаат пониска цена од просечната, но користеле критериум за избор ,најниска цена‘. Затоа, може да се констатира дека во трката за добивање повредни договори (поголеми количини), добавувачите имаат интерес да ги намалуваат цените.