• |

  • Разбирајќи како се трошат нашите пари добиваме моќ да влијаеме тие пари да го подобруваат квалитетот на нашите животи.

Бази и истражувања

blog post image

Трошоци за новогодишното украсување за 2016

  • 02/01/2016

720 евра се очекува да потрошат локалните власти во земјава за украсување за дочекот на новата 2016 година. Најмногу пари ќе потрошат Градот Скопје и скопските општини. Скопски ГТЦ сам ќе потроши толку пари колку 4 општини заедно. Гледано по жител, новогодишното украсување просечно ќе ги чини граѓаните во одделните општини од 5,5 денари (Велешани) до 111 денари (жителите на Новаци).

целосна вест
blog post image

Арачиново на дното, Чаир на врвот - колку потрошиле на јавни набавки општините во 2014 година

  • 30/11/2015

Општините во Република Македонија во 2014 година преку јавни набавки потрошиле вкупно 7,4 милијарди денари, односно 120 милиони евра. Во оваа пресметка се вклучени 80 општини со Град Скопје кој, како посебна единица на локалната самоуправа, сепак е исклучен од дел од споредбената анализа. Инаку, Град Скопје во 2014 година склучил 167 договори за јавни набавки во вредност од 879 милиони денари, односно 14 милиони евра. Трошоците на Град Скопје во 2014 година се намалени за 6 милиони евра односно за 30% во однос на 2013 година.

целосна вест
blog post image

Топ 100 тендери за периодот 2010-2014

  • 17/03/2015

100-те најголеми договори за јавни набавки склучени во последните пет години (2010-2014) изнесуваат вкупно 57 милијарди денари, односно 933 милиони евра. Само овие 100 договори вредат 22% од сите пари потрошени за јавни набавки во земјава во петте анализирани години.

целосна вест