За новогодишното украсување се потрошени 40 % помалку пари
За украсување на Градот Скопје и уште 15 други општини во земјава за Новата 2021 година се потрошени вкупно 405 илјади евра, што е за 40 % помалку од лани. Од украсување на улиците за новата 2021 година се откажале девет општини кои имале тендери за претходната 2020-та година. 14 општини имале тендери за украсување и лани и годинава, а 3 општини и едно државно претпријатие немале лани, но имале тендери за украсување за новата 2021 година.
целосна вест


