ТРЕТ ИЗВЕШТАЈ ОД МОНИТОРИНГОТ НА ИТНИТЕ ЈАВНИ НАБАВКИ ПОВРЗАНИ СО ЗАШТИТА ОД КОРОНАВИРУСОТ
- Вредноста на договорите за итните јавни набавки поврзани со заштита од коронавирусот надмина 3,2 милиони евра и досега се склучени 142 договори. - Дури 71 % од вредноста на склучените договори отпаѓа само на пет фирми. - Во отсуство на упатство или стандардни обрасци за набавка, продолжуваат значајните разлики во цените. Во овој период, најголеми разлики се забележуваат кај скафандерите и ракавиците. Скафандерите се купувале по цени од 262 до 1.156 денари, а ракавиците од 2,83 до 9,32 денари за парче. - За повеќе од половина од склучените договори (59 %), институциите ја прекршиле законската обврска да ги објават договорите во рок од десет дена од потпишувањето. - Во секој втор склучен договор за итните јавни набавки поврзани со коронавирусот се преговарало само со еден понудувач. - Сѐ уште нема информации за исходот од владините огласи за интервентни набавки на маски и ракавици.
целосна вест


