Индекс на рационалност за индустриска сол во рефус
Соодносот на најниската и највисоката цена во набавката на индустриска сол во рефус изнесува 1:1,57, што значи дека највисоката цена, што ја плаќа Јавното претпријатие Македонија пат – Скопје, е за 57% повисока од цената што за истиот производ ја плаќа Општина Сопиште. Притоа, токму Македонија пат, којашто ја плаќа највисоката цена за солта, ги купила и најголемите количини, и тоа дури 7.000 тони, што е неколкукратно повеќе од другите институции коишто купувале од 54 до 200 тони.
целосна вест