Индекс на рационалност за работни чевли
Центарот за граѓански комуникации го изработува индексот на рационалност преку споредба на цените по коишто различните институции купуваат исти производи, услуги или работи. Цените по кои се купувани работни чевли (високи кожени) се движат од 870 до 2596 денари. Во индексот на рационалност за овој производ соодносот на најниската и највисоката цена изнесува 1:2,98, што значи дека највисоката цена за чевлите платена од Град Скопје е за 198% повисока од најниската евидентирана во набавката на ЈКП Комуналец - Прилеп.
целосна вест