Индекс на рационалност за одржување на лифтови
Центарот за граѓански комуникации го изработува индексот на рационалност преку споредба на цените по коишто различните институции купуваат исти производи, услуги или работи. Цената која институциите ја плаќаат годишно за тековно одржување на патничките лифтови се движи од 9.256 до 29.783 денари за еден лифт. Цена која ја плаќа ЈЗУ Здравствен дом Скопје за тековно одржување на лифт е за 222% повисока од цената која ја плаќа Службата за општи и заеднички работи на Владата на РМ.
целосна вест