Индекс на рационалност за заштитни гумени чизми
Центарот за граѓански комуникации го изработува индексот на рационалност преку споредба на цените по коишто различните институции купуваат исти производи, услуги или работи. Цените по кои институциите ги купувале заштитните гумени чизми, високи до колена, се движат од 400 до 728 денари за 1 чифт. Водостопанство Скопско поле плаќало цена што е за 82% повисока од онаа на ЈП Нискоградба – Охрид.
целосна вест